Jaguar подготви освежување на лепезата на изведби на F-Pace, а плаг-ин хибридниот модел добива поголема батерија и може да помине до 65 километри на електрична енергија.
Сите верзии на F-Pace имаат погон на сите четири тркала како и 8-брзински автоматски менувач. Електрифицираниот P400e има 400 коњски сили и 640 Nm вртежен момент, доволни за 100 километри на час за 5.3 секунди и можност да се поминат до 65 километри на електрична енергија.
Зголемената автономија се должи на поголемата батерија која сега е со капацитет од 19.2 kWh. Според Jaguar, на (релативно) без полнач со моќност од 35 kW батеријата ќе се полни за само половина час, додека на домашен AC полнач со моќност од 7 kW полнењето трае два часа и 30 минути.
Интересно, Jaguar најави дека F-Pace ќе може да се добие само со R-Dynamic пакет, а „обичниот“ F-Pace веќе нема да се нуди. Истовремено, F-Pace SVR го задржува компресорскиот 5-литарски V8. Сега понудата ја сочинуваат R-Dynamic S, R-Dynamic SE, R-Dynamic HSE, 400 Sport и SVR изведбите.