Huracan Sterrato официјално ќе дебитира на 30-ти Ноември, но Lamborghini ги објави првите фотографии од офроуд-интерпретацијата на својот суперавтомобил!
Huracan со специјалниот Пакет за Балкански Патишта (тм) ќе биде презентиран на 30-ти Ноември годинава, но веќе ги имаме првите фотографии. Huracan Sterrato ќе добие надградена (и повисока!) суспензија за поголема оддалеченост од подлогата, како и нови тркала обвиени во теренски пневматици. Забележуваме и отвор за воздух на кровот, дополнително LED осветлување во предниот браник, како и кровни носачи. Фантастично!
Дополнително, Huracan Sterrato добива редизајнирани отвори за воздух, заштитни панели на браниците и страничните прагови и проширувања на крилата кои истовремено треба да ги покријат големите тркала и да го заштитат италијанскиот суперавтомобил од камчиња и ситници кои тркалата би ги исфрлиле.
Изгледа фантастично нели? Со нетрпение чекаме уште фотографии и детали!