Деновиве во Ист Гејт Мол се одржува нешто несекојдневно и интересно – Денови на Електромобили!
Колегите од Автоплус заедно со East Gate Mall деновиве нудат интересна шанса одблизу да се погледнат електрични и електрифицирани автомобили. На неколку локации низ East Gate Mall се поставени различни автомобили – па можете да ја погледнете новата Toyota BZ4x, или пак моќниот Porsche Taycan GTS, супер-комфорниот Citroen C5 X и освежениот C5 Aircross, лајт-хибридниот Alfa Romeo Tonale, новиот, електричен Fiat 500 и многу други автомобили, но и електрични моторцикли и велосипеди.
Ваквите настани имаат интересна и амбициозна цел – да ги промовираат ваквите возила и да им ги доближат на купувачите. Го поддржуваме настанот и се надеваме дека навистина ќе успее да им објасни на купувачите дека електрифицираните возила не се „нешто таму далеку“, туку дека веќе се станати секојдневие и дека стануваат сè подостапни.
Автомобилите се веќе поставени, а ќе бидат изложени до 16ти Октомври.