Dodge Charger Daytona SRT Concept е вовед во новата ера на американските мускулести автомобили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dodge Charger Daytona SRT Concept е вовед во новата ера на американските мускулести автомобили!

Новиот Charger ќе ги редефинира американските мускулести автомобили – ерата на големи V8 мотори ќе биде наследена од ера на моќни електрични автомобили со неверојатни перформанси.

Во моментов се случува Dodge Speed Week, а Dodge го претстави Charger Daytona SRT Concept. Ваков Dodge едноставно немало досега – добива целосно-нов погон кој инженерите на Dodge го нарекуваат Banshee и за кој кажуваат дека е врв на перформансите во Братството на Мускулите, и дека ќе има повеќе моќ од Hemi, Hellcat и Redeye моторите кои се вградуваат во мускулестите автомобили на американскиот бренд.

Сега за сега немаме никакви официјални информации за тоа колку моќ испорачува Banshee погонот, но потврдено е дека е 800-волтен систем и дека ќе има повеќе моќ од Hellcat моторот, а луѓето од Dodge гордо кажуваат дека првиот електричен автомобил е побрз од Hellcat по сите главни параметри. Интересно, Banshee системот вграден во Charger Daytona SRT Concept ја испорачува силата кон сите четири тркала.

Иновациите продолжуваат со новиот eRupt пренос со електро-механичко менување на брзините кој би требало да овозможи реплицирање на конвенционално менување на брзини а со тоа и зголемување на инволвираноста на возачот во возењето – а токму „дистанцата“ од возењето е нешто за што многу електрични возила добиваат критики. Дополнително, Dodge ќе понуди и PowerShot систем за краткотрајно зголемување на моќноста, односно рапидно забрзување за полесно претекнување.

Интересен е и новиот Fratzonic „издувен“ систем кој Charger Daytona SRT Concept го добива – овој систем користи прилично комплициран аудио систем за да произведе навистина агресивен звук – и навистина, звучи моќно!

Од Dodge кажуваат дека ова е само концепт… Но да бидеме искрени – ова е автомобил кој наскоро ќе го видиме во сериско производство!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.