Rimac објавија ново кратко видео во кое го опишуваат развојот на новиот електричен хиперавтомобил Nevera, од идеја до физичко возило.
Гледајќи го хиперавтомобилот, можеме да заклучиме дека Nevera е извонредно ремек дело на уметноста и инженерството. Но како е добиено тоа?
Да погледнеме што се одвивало во позадина. Поточно кои се тие елементи и размислувања што биле вложени за да се стигне до развој и производство на Nevera. И како посветениот и талентиран тим на Rimac ја довел оваа уникатна визија во допирлива реалност.
За потсетување, новиот Хрватски електричен „проектил“ располага со 1914 коњски сили и 2360 Nm вртежен момент, што му овозможува забрзување од 0-100 км/ч за само 1.97 секунди и од 0 до 300 км/ч за 8.6 секунди, кон максималната брзина од 412 км/ч.
Погледнете го Мате Римац и неговиот тим како го раскажуваат целото патешествие во кратки, но важни податоци.