Флотата на полицијата во Чешка се зајакнува со 10 примероци од специјално-прилагоден BMW 540i xDrive Touring.
Според најавеното, испорачаните 10 примероци се првите од повеќе кои треба да бидат испорачани во следните неколку години.
BMW ќе испорача најмалку 70 возила на чешката полиција, а од предадените 10 примероци, 5 се целосно маркирани, додека останатите 5 ќе останат „небрендирани“ и ќе се користат за потери при високи брзини. Секако, возилата се темелно модифицирани со потребните светла, сирени и камери за да можат да бидат ефективни во нивната работа.
Колку за потсетување, BMW 540i xDrive Touring користи шест-цилиндерски турбо-бензинец кој испоралува 335 коњски сили и 450 Nm вртежен момент, а има и лајт-хибридна компонента. Ја испорачува силата преку 8-степен автоматски менувач кон xDrive погон на сите четири тркала.