ПРЕМИЕРА: Оваа играчка е електрична – Mini Cooper SE Convertible! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Оваа играчка е електрична – Mini Cooper SE Convertible!

Малата електрична играчка на MINI е произведена во само еден примерок и британскиот бренд кажува дека ова е единствениот премиум кабриолет на светот со целосно-електричен погон во неговиот сегмент.

Малиот Mini Cooper SE Convertible е поставен на платформата на одличниот електричен Mini Cooper SE (нашиот тест на електричниот Mini можете да го погледнете тука), која потоа е искомбинирана со кабриолет механизмот на Mini Cooper Convertible.

Електричниот погон испорачува 184 коњски сили и 270 Nm вртежен момент, кои пак во оваа комбинација овозможуваат 100 километри на час за 7.7 секунди. Дополнително, од Mini напоменуваат дека малиот електричен кабриолет може да помине до 230 километри со едно полнење на батериите.

Секако, кровот на Mini Cooper SE Convertible е целосно-електричен и се отвора или затвора за 18 секунди, и тоа при брзини до 30 километри на час.

За жал, овој електричен кабриолет е произведен во само еден примерок и сега за сега нема планови за сериско производство. Cooper SE Convertible ќе биде покажанн на Mini Takes the States настанот во САД – патување кое трае 9 дена и минува низ неколку различни градови и држави во САД. Сепак, не би биле изненадени ако Mini одлучи да понуди електричен кабриолет кај следната генерација на Mini, која според најавите би требало да биде целосно-електрична.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.