Официјално: Новиот Mercedes-Benz CLS Shooting Brake – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално: Новиот Mercedes-Benz CLS Shooting Brake

Mercedes-Benz официјално го претстави CLS Shooting Brake, кој се базира на втората генерација на купето CLS.

Опишан како нова верзија на спортски автомобил со пет седишта и голема задна врата, овој модел има спортски дизајн кој позајмува неколу елементи од 2010 Shooting Brake concept.

Внатрешноста е речиси иста како кај седанот, но за разлика од него на задните седишта има место за три возрасни личности. Багажниот простор располага со место од 590-1550 литри и може да биде опремен со designo дрвен под како и алуминиумски шини.

CLS Shooting Brake е големо возило кое мери должина од 4,956 mm, 1,881 mm широчина и 1,413 mm височина. Ова значи дека има иста широчина како CLS седанот, но е за 16 mm подолг од него.

Почетната гама на мотори за Европа ќе вклучува четири различни агрегати, сите усогласени со седум-степена 7G TRONIC PLUS автоматска трансмисија со еколошка старт/стоп функција.

Тука спаѓаат два дизели: CLS 250 CDI со 2.1-литарски четири-цилиндричен турбо агрегат со 201 кс и CLS 350 CDI погонуван од 3.0-литарски V6 кој испорачува 261 кс, како и два бензински мотори: CLS 350 со 3.5-литарски V6 со 302 кс и CLS 500 со 4.7-литарски V8 турбо кој произведува 402 кс.

CLS 350 CDI и CLS 500 ќе бидат во понуда и со 4MATIC погон на сите тркала.

Во 2012, Shooting Brake гамата ќе биде проширена со водечкиот CLS 63 AMG, најверојатно погонуван од 5.5-литарски V8 со 530 кс.

Подолу можете да ги видите останатите фотографии од овој автомобил.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.