Сега за сега немаме никакви официјални информации, но можеме да направиме неколку претпоставки…
Toyota најави дека за само неколку дена – на 31-ви Март – ќе ја претстави новата GR Corolla. Интересно, сега за сега е најавена само за Северна Америка, но со оглед на успехот на GR Yaris во Европа, се надеваме дека ќе пристигне и кај нас.
Сега за сега немаме никакви информации околу погонот, но на фотографиите кои ги објави Toyota забележуваме ознака GR-FOUR, а тоа ни укажува дека супер-спортскиот хечбек ќе има погон на сите четири тркала. Всушност, „ќе се дрзнеме“ и ќе шпекулираме дека GR Corolla ќе дели многу од компонентите со GR Yaris – а тоа значи дека можеме да очекуваме околу 260 коњски сили и уникатниот, рели-инспириран погон на сите четири тркала кој се вградува во малиот, супер-моќен субкомпакт. Колку за потсетување, GR Yaris користи 1.6-литарски турбо-бензинец со три цилиндри кој испорачува 260 коњски сили и 360 Nm вртежен момент.
Ќе бидеме трпеливи уште некој ден… ;)