Audi R8 e-tron постави рекорд на Nurburgring: 8 минути и 9 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi R8 e-tron постави рекорд на Nurburgring: 8 минути и 9 секунди!

Audi R8 стана најбрзото сериско електрично возило на Нирбуринг, со тоа што постигна време од импресивни 8 минути и 9.099 секунди.

Пред неговото официјално претставување во Париз во Септември, R8 e-tron успеа да се изрекламира во најдобро светло со поставувањето на нов рекорд. Мораме да напоменеме дека ова време е само 5 секунди побавно од тоа на R8 со 4.2-литарскиот бензински V8 мотор со 424 кс.

Овој модел визуелно не се разликува од неговиот бензински близнак R8. Сепак, измени има во внатрешноста, така што поставени се: два електрични мотори во задниот дел, литиум јонски батерии, додатни конструкции од јаглеродни влакна, како и потврда суспензија со цел да ги издржи додатните 220 кг.

Аudi R8 e-tron е погонуван од два електрични мотори кои во комбинација произведуваат 376 кс и 820 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на спортскиот автомобил забрзување од 0-100 км/ч за само 4.6 секунди и максимална брзина која е ограничена на 200 км/ч, иако 250 км/ч беа одобрени за овој рекорден круг.

Силата се црпи од литиум-јонските батерии со тежина од 550 килограми, поставени во средниот дел на возилото, кои овозможуваат директен погон на задните тркала. Кажано е дека во нормална секојдневна употреба овој “хајтек” автомобил може да помине 200 км со само едно полнење.

Познато е дека цената на овој автомобил, кога тој ќе излезе во продажба ќе биде 200,000 евра.

 

 

 

 

 



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.