Renault Clio e најпродаван автомобил во Ноември 2021 во Европа – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Clio e најпродаван автомобил во Ноември 2021 во Европа

Пристигна листата на Jato Dynamics за најпродавани автомобили во Европа во 11-тиот месец од актуелната година, а овојпат разликата помеѓу првите 4 модели е само 200 примероци.

Интересен факт е дека дури 5 од најпродаваните 10 модели потекнуваат од групацијата Stellantis. Покрај нив 3 се од групацијата Renault, додека групацијата Volkswagen има само еден автомобил.

Како најуспешен во Ноември, на првото место се најде Renault Clio, со продадени 16,353 примероци, веднаш пред неговиот полесно достапен „брат“ Dacia Sandero, кој освои 16,263 купувачи.

На третата позиција финишираше Peugeot 208 со остварени 16,261 продажба, додека на четвртото место се најде неговата кросоверска алтернатива – поголемиот Peugeot 2008 со продадени 16,169 автомобили.

Петтото место го освои Volkswagen T-Roc, кој забележа 15,234 нови регистрации, пред малиот тренди Fiat 500, продаден во 13,255 примероци.

Во продолжение на листата за 10 најпродавани модели редоследно се најдоа и Opel Corsa со 12,831, Citroen C3 со 12,455, Hyundai Tuscon со 12,408 и Dacia Duster со 12,351 продадени возила.

Извор на табелата: @carindustryanalysis



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.