ПРЕМИЕРА: Volkswagen подготви освежување за T-Roc – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Volkswagen подготви освежување за T-Roc

Сите верзии на популарниот кросовер на Volkswagen добиваат освежување – кое вклучува козметички, но и технолошки измени.

Освежувањето започнува со новите предни светла и редизајнираниот преден браник. Моделите опремени со LED Matrix предни светла добиваат и хоризонтален LED светлосен елемент кој ги спојува, а оние кои се во пониско ниво на опрема исто така добиваат LED предни светла, но без Matrix технологија.

Забележуваме и нови светла за магла, ревидирани и дискретно затемнети задни светла со нова графика, како и нов заден браник. Од Volkswagen напоменуваат дека T-Roc добива и нови тркала во димензии од 16 до 19 инчи.

T-Roc добива и темелно-ревидирана кабина со поквалитетни и помеки материјали, но и нов 8-инчен дигитален инструмент панел и еден од три мултимедијални уреди со дијагонала од 6.5, 8 или 9.2 инчи. Мултимедијалните уреди поддржуваат безжично Apple CarPlay и Android Auto поврзување.

Во однос на технологиите, T-Roc добива и понови системи за асистенција – тука е IQ.Drive Travel Assist системот кој вклучува предиктивен адаптивен темпомат и понов Front Assist и систем за следење на коловозната лента.

Во понудата остануваат 1-литарскиот TSI со 110 коњски сили,  1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили и 2-литарскиот TSI кој се комбинира со погон на сите четири тркала и кој испорачува 190 коњски сили.

Врв во понудата останува T-Roc R кој добива 2-литарски турбо-бензинец кој кон сите четири тркала испорачува 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент. Врвниот T-Roc R добива и засебен бодикит со понагласени спортски детали, моќни сопирачки и големи тркала.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.