Промовиран Audi Q3 во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Промовиран Audi Q3 во Македонија!

Импортерот на AUDI за Македонија го претстави новиот AUDI Q3 – компактниот SUV со големи амбиции!

Пред само неколку часа во просториите на салонот на AUDI кој е дел од Porsche Скопје, беше промовиран претставникот на AUDI во класата на компактни SUV возила. Во понудата се вклучени сите бензински и дизел агрегати кои веќе ги познаваме од разните модели на VW групацијата, а Q3 изгледа интересен и привлечен.

Го задржува корпоративниот дизајн кој веќе добро го познаваме, но нуди многу иновативна технологија која повеќе би очекувале да ја видиме кај поскапите и полуксузните модели. Интересен дел од таа опрема е и системот за навигација и Интернет, кој во соработка со мобилен оператор може да ви понуди интернет во целото возило, и да ви понуди навигација со Google Streetview и Google Earth – мошне интересно за технофилите.

Иако сеуште не се конкретизирани цените, од Porsche најавуваат конкурентни цени и богати нивоа на опрема.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.