Во салонот на Toyota пристигна Yaris Cross – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Toyota пристигна Yaris Cross

Новата, кросоверска изведба на најновата генерација на Yaris – која се вика едноставно Yaris Cross – пристигна во салонот на Toyota во Скопје!

Новиот Yaris Cross е базиран на платформата на новиот Yaris – и иако го има истото меѓуоскино растојание од 2560 милиметри, сепак е 240 милиметри подолг, 20 милиметри поширок и 90 милиметри повисок од обичниот Yaris. Плус, добива дизајнерски јазик кој е уникатен – ни се допаѓаат чистите и јасни линии со привлечни форми и детали.

Предниот дел добива заострени фарови, профилот е кросоверски и динамичен, а на задниот дел добиваме големи задни светлосни групи кои се како споени со задното стакло.

Кабината добива модерни инструменти, голем, централно-поставен мултимедијален уред и интересен избор на материјали, како и дизајнерски одлуки кои сè похрабро го напуштаат конзервативниот пристап по кој беше познат јапонскиот бренд. Ни се допаѓа! Мултимедијалниот уред стандардно доаѓа со Android Auto и Apple CarPlay поврзување.

Yaris Cross може да се добие во неколку погонски конфигурации, како и со можност за погон на сите четири тркала. Секако, бидејќи се работи за Toyota, достапен ќе биде и самополнечки хибрид кој очекуваме да биде супер-ефикасен. Цените ќе бидат објавени наскоро.

За повеќе информации, посетете го салонот, или пак официјалната веб-страница на Toyota.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.