Audi Sky Sphere Concept ќе биде прикажан на 10ти Август – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi Sky Sphere Concept ќе биде прикажан на 10ти Август

Германскиот бренд објави дека ќе го претстави својот луксузен Sky Sphere Concept на 10ти Август во нивното дизајнерско студио во Малибу, Калифорнија.

Најавен како „спортско трансформирачко возило“, концептот од една страна е вистински спортски автомобил, кој за само неколку секунди може да се претвори во автономна соба.

Исто така се очекува Sky Sphere Concept да ја прикаже електричната платформа од следната генерација на групацијата Volkswagen.

Најавните фотографии од концепниот модел прикажуваат ниска и слеана форма со долг преден поклопец, инспирирана од историскиот модел Horsch 853A. Исто како класичниот модел, така и Sky Sphere се очекува да биде со отворен кров.

Sky Sphere е дел од триото концепти кои Ауди ги најави на почетокот од месецов: Sky Sphere, Grand Sphere и Urban Sphere. Иако деталите за третиот модел се ограничени, објавено е дека тој ќе го заземе местото од гамата на луксузниот А8.

Базирани на идната генерација на електрична платформа „Project Artemis“, овие концепти ќе бидат најновото видување за тоа што планира Audi за нивните електрични возила од следната генерација. Иако не е познато точно колкав опсег производителот очекува од нивната претстојна платформа, последниот футуристички концепт Audi Aicon беше најавен дека ќе поминува помеѓу 700 и 800 километри со едно полнење.

Audi веќе објави дека ќе ги претстави сите три „Sphere“ концепти во наредните 12 месеци, заедно со сите нивни детали и информации.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.