Од 22 јуни, во понудата на Mercedes ќе се најде и најновата верзија на нивниот популарниот кросовер, ML 500 4MATIC BlueEFFICIENCY!
Надворешно овој ML е непроменет, но затоа под хаубата тука е 4.7 литарскиот V8 бенински мотор со директно вбризгување кој располага со 408 КС и 600 Nm вртежен момент. Сега ML е спремен да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,6 секунди и да постигне максимална брзина од 250 km/h.
Менувачот е седум-степениот 7G-Tronic Plus, а погонот е на сите четири тркала. Дел од сериската опрема е и ECO start/stop системот.
Цената на оваа верзија на ML во Германија изнесува 75.000 евра, а Mercedes додаде дека дека во ML 500 4MATIC BlueEFFICIENCY како дел од опремата ќе биде и новата технологија Collision Prevention Assist (CPA)!