Новиот GranTurismo ќе биде првиот електричен модел на Maserati – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот GranTurismo ќе биде првиот електричен модел на Maserati

Maserati ја најави следната генерација на егзотичното купе во маскирана пред-продукциска форма и објави нови информации за моделот.

Од она што може да се забележи на фотографиите, новиот GranTurismo ќе се одликува со еволутивен дизајн, кој не се разликува драстично од сегашната генерација, но добива слични елементи како поспортскиот MC20.

На предниот дел се наоѓа поширока решетка, мускулести отвори за вентилација и повертикални светлосни групи. Позади се чини дека каросеријата е послеана, со потенки задни светла, како и позаоблен заден спојлер.

Иако овој прототип има бензински агрегат, Maserati изјави дека GranTurismo ќе биде првиот автомобил на брендот кој ќе нуди целосно електричен погон, а ќе дебитира во следната година.

Сепак, производителот не објави многу детали, покрај тоа дека електричните варијанти ќе ја носат ознаката Folglore и ќе располагаат со технологија од 800 волти и капацитет за полнење до 300 киловати.

Компанијата исто така објави дека електричниот модел од 2022 година ќе биде најсилниот Maserati на сите времиња, со неговите над 650 кс и забрзување од 0-100 км/ч за 2.5 секунди. Секако, постои можност овие бројки да припаѓаат на моделот MC20 Folglore наместо GranTurismo Folglore.

Покрај електричната погонска единица, се очекува GranTurismo да биде понуден со поблага верзија на 3.0-литарскиот твин-турбо V6 мотор од MC20 кој произведува 630 кс и 730 Nm вртежен момент. Тој му овозможува на суперавтомобилот да забрза од 0-100 км/ч за помалку од 2.9 секунди и да постигне максимална брзина од 325 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.