Renault предвреме го освежи Espace – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault предвреме го освежи Espace

Големиот Espace добива фејслифт само две години по лансирањето на сегашната генерација.

Автомобилот има редизајниран лик и нови задни светла, слични на оние кај моделот Rafale. Најзабележливите промени го вклучуваат преработениот преден дел, кој сега доаѓа со поостри LED фарови, редизајнирани дневни светла, нова решетка и поедноставени доводи на браникот.

Espace го носи најновиот стилски јазик на Renault, кој покрај кај водечкиот Rafale, доаѓа и кај помалите Captur и Symbioz. Нивоата на опременост се Techno, Iconic и Esprit Alpineи и истите се одликуваат со различните дизајни на решетката.

Профилот е пренесен од појдовниот Espace, но задниот дел има помали светла со помодерен потпис. Редизајнот ја зголеми должината на Espace на 4,74 метри, а како новост се претставени новата сива боја (Baltic Blue Grey) за надворешноста и ексклузивната опција Light Sand Grey за внатрешноста.

Погонската единица се состои од 1,2-литарски трицилиндричен турбо мотор и два електрични мотори со заедничка моќност до 200 коњски сили. Според производителот, со самополнечкиот хибриден систем, автомобилот може да измине до 1,100 километри.


Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!