Теренскиот Grenadier е дело на компанијата Ineos и основачот Jim Ratcliffe кој едноставно сакаше да го направи врвниот теренец на пазарот.
Нов (и признаваме, неочекуван) бренд на македонскиот пазар – Гранд Ауто станува официјален застапник за брендот Ineos и теренецот Grenadier.
Уште од самиот старт, Grenadier е дизајниран да биде исклучително издржлив и подготвен да се соочи со најстрогите теренски услови. Од компанијата кажуваат дека Grenadier не прави компромиси со перформансите кога станува збор за теренско возење. Со својата цврста каросерија и моќни мотори, Grenadier може да премине низ скоро сите терени, од калливи патишта до карпести ридови. Од друга страна, и покрај неговата издржливост, тој би требало да нуди удобно патување.
Инаку, Grenadier доаѓа со сите можни диференцијали и разно-разни технологии за совладување на секаков терен.
Под предниот поклопец се наоѓаат 3-литарски мотори со шест цилиндри во линија со потекло од BMW. Можете да одберете меѓу 3-литарски турбо-бензинец или пак 3-литарски турбодизел. Grenadier добива и современи технологии за безбедност и асистенција, и многу, многу повеќе.
На прв поглед, навистина изгледа како да може да совлада секаков терен и сигурни сме дека ќе најде свои фанови и меѓу македонските купувачи.
За повеќе информации, посетете го салонот на Гранд Ауто во Скопје.
Корекција: Во насловот беше погрешно напишано Гранд Моторс наместо Гранд Ауто. Направена е корекција, се извинуваме за ненамерната грешка.