Со Super E платформата на кинескиот гигант, значително ќе се намали времето што е потребно за полнење на електричните автомобили.
Новата архитектура овозможува полнење кое додава до 400 километри дополнителен домет за само 5 минути, што го приближува времето за полнење на електричните возила до времето за полнење на резервоарот на возилата со фосилни горива.
Претседателот на компанијата Wang Chuanfu, најави дека BYD планира да постави повеќе од 4.000 мегаватни полначи низ цела Кина. BYD исто така ги претстави новите модели на електрични возила Han L и Tang L, кои се базирани на Super E-платформата.
Сето ова се очекува значително да придонесе кон помасовно прифаќање на електричните возила и всушност ќе ја пренасочи дискусијата за нив кон вистинскиот проблем – полнењето, а не досегот.