ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави целосно-електричниот C-HR+ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Toyota го претстави целосно-електричниот C-HR+

Новиот C-HR+ e поголем од постоечкиот C-HR, но и целосно електричен.

Океј, признаваме дека името малку збунува, но вистината е дека C-HR+ нема скоро никаква врска со конвенционалниот C-HR. Не ја дели ниту платформата, туку е базиран на e-TNGA 2.0 платформата на која е поставен целосно-електричниот bZ4X.

На европските купувачи ќе им бидат достапни три изведби – едната со батерија со капацитет од 57.7 kWh, 167-коњски електромотор и погон на предните тркала, како и верзија со батерија со капацитет од 77 kWh, електромотор со 224 коњски сили и погон на предните тркала. Овие изведби ќе можат да поминат 455, односно 600 километри со полни батерии.

На самиот врв ќе биде верзија со два електромотори и 343 коњски сили и поголемата батерија. Оваа верзија ќе забрзува до 100 километри на час за 5.2 секунди, и ќе има автономија од 525 километри. C-HR+ ќе се полни со моќност до 11 kW во основната верзија, односно 22 kW во повисокото ниво на опрема. На брз DC полнач може да достигне максимални 150 kW.

Инаку, Toyota ветува простор во кабината како во SUV од Ц-сегментот, но и багажен простор од импресивни 416 литри. Секако, ветуваат и одлично возачко искуство, а C-HR+ ќе ги добие и сите системи и технологии на Toyota за безбедност, но и асистенција во возењето.

Сега за сега нема информации за тоа кога ќе C-HR+ ќе пристигне во салоните, но би го очекувале до крајот на оваа година.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.