После 27 години ќе се збогуваме со легендарниот модел на Ford.
Ford објави дека ќе заврши продажбата на Focus во Европа со прекинот на производството кој е планиран да се случи во ноември оваа година. Oдлукатa доаѓа како дел од стратегијата на компанијата да се фокусира на електрични возила и SUV модели, кои се сè попопуларни меѓу потрошувачите.
Ford Focus за прв пат беше лансиран во 1998 година и брзо стана побаруван благодарение на својата иновативен дизајн, одлични перформанси и прифатлива цена. Со текот на годините, Focus се здоби со репутација на безбедно и динамично возило, кое успешно се натпреваруваше со другите играчи во сегментот на семејните автомобили.
Сепак, со промените во пазарните потреби и зголемениот интерес за електрични возила, Ford одлучи да го прекине производството на Focus. Оваа одлука не нè изненади, бидејќи многу производители на автомобили сега се насочуваат кон електрификација и одржливи технологии. Иако крајот на Ford Focus е горчлива вест за неговите обожаватели, компанијата ветува дека ќе продолжи да ги поддржува своите клиенти со залихи на резервни делови и сервисни услуги.
Со заминувањето на Ford Focus, завршува една ера во автомобилската индустрија. Сепак, неговото наследство ќе остане во историјата како едно од највлијателните семејни возила на сите времиња.