R70 e една од последните верзии на француското купе со која се одбележува 70-годишниот јубилеј на брендот.
Ќе бидат изработени само 560 примероци, со избор од 10 каросериски бои и седум нијанси за Brembo кочниците. Сите автомобили стандардно доаѓаат со Akrapovic издувен систем и Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми.
Позади седиштата се наоѓа добро познатиот турбо мотор од 1.8 литри, кој се вградуваше и во Renault Megane RS. Во новата верзија, тој произведува 300 коњски сили и 340 Nm вртежен момент. Моделот доаѓа со изобилие на делови изработени од карбонски материјали меѓу кои се 18-инчните тркала, задниот спојлер, хаубата и покривот.
Покрај R70, тука се и верзиите French Tricolor и GTS. Tricolor доаѓа во боите Bleu Caddy, Blanc Glacier и Rouge Sismique, со секоја боја ограничена на само 70 примероци. A110 GTS пак ги заменува досегашните GT и S верзии, ја има истата моќ како R70 и може да се добие со опционален GTS аеро пакет за поагресивен изглед.
Alpine веќе почна да ги прима нарачките во Франција, каде што цените се движат од 65,000 до 122,500 евра, зависно од верзијата.