Вчеравечер официјално беа отворени новите продажни простории на брендовите Geely и Lynk & Co.
Секое отворање на нов салон е важен настан на македонската автомобилска сцена, а кога во една вечер се отвораат два – тоа веќе навистина заслужува внимание.
Новите салони на Geely и Lynk & Co се дел од скопскиот градски стадион, односно Националната Арена Тоше Проески. Домаќините ни кажаа дека намерно се дизајнирани и уредени да не изгледаат како автомобилски салони, туку да бидат потопли и попривлечни и едноставно – различни.
Во салонот на Geely можете да ги видите големиот Starray (нашиот тест на Starray можете да го видите тука) и нијанса помалиот Coolray (нашиот тест на Coolray можете да го погледнете тука), додека во салонот на Lynk & Co можете да го видите плаг-ин хибридниот 01, а се очекува да пристигне и целосно-новиот, целосно-електричен 02 кој ние пред само неколку две седмици го возевме на европската презентација во Словенија.
Во пријатна, опуштена атмосфера имавме можност да ги погледнеме автомобилите, но и да уживаме во амбиентот на салоните на двата брендови. Посетете ги, пријатно ќе се изненадите. ;)