Yugo се враќа? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Yugo се враќа?

Проф. Др. Александар Бјелиќ од Србија е позади иницијативата Yugo повторно да се најде на пазарот, а за дизајнот е одговорен дизајнерот Дарко Марчета.

Да, сериозни сме, а сериозен е и професорот Бјелиќ. Тој самоиницијативно ги собира средствата потребни за купување на трговската марка и името. Плус, Бјелиќ е добро-познат во европската автомобилска индустрија бидејќи работи на високи позиции ширум Европа веќе две децении.

Секако, тој планира да соработува со некој етаблиран производител кога ќе стане збор за сериското производство. Тој најавува дека планира новото Yugo да користи мотор со внатрешно согорување со цел да се намалат трошоците, но истовремено нагласува дека бара „докажана платформа од партнер-соработник“.

Веќе се работи на глинени модели кои треба да бидат претставени оваа година, а официјалното деби се очекува за две години, на Белградското Експо во 2027. Првите скици покажуваат дека дизајнерот Дарко Марчета навистина одлично ги репродуцирал пропорциите на оригиналното Yugo. Напоменуваат дека Yugo ќе ги исполни сите стандарди за безбедност, но и емисија на штетни гасови.

„Јас сум благодарен на оваа шанса да работам на ова. И навистина, како што кажуваат луѓето – штипни се, дали сонуваш или тоа навистина се случува. Сфатив дека ова е навистина важна задача и уживам во неа, давам сè од себе и цело срце за ова да изгледа што е можно подобро и навистина утре да го возиме. На ова ќе работам следните две години.“ – изјави дизајнерот Марчета. Професорот Бјелиќ и Дарко Марчета гостуваа во САТ Емисија кај колегите од Србија, каде ги открија плановите за новото Yugo.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.