Filante Rekord 2025 е електричниот бетмобил на Renault – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Filante Rekord 2025 е електричниот бетмобил на Renault

Едноседот е дизајниран да ги преиспита границите на електричната мобилност, притоа нудејќи уникатна комбинација на перформанси, ефикасност и иновативен дизајн.

Возилото има електричен мотор со 500 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, максимална брзина до 320 км/ч и истото може да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди. Батеријата со капацитет од 120 kWh обезбедува импресивен досег до 600 киломтери.

Дизајнот на Filante Rekord 2025 е футуристички и аеродинамички оптимизиран. Активните елементи, како што се променливото задно крило и вградените канали за воздушен проток, го намалуваат отпорот и ја подобруваат стабилноста при високи брзини.

Возилото е опремено со систем за автономно возење ниво 4, кој овозможува возење без вмешаност на возачот во одредени услови. AI-асистираната навигација ги анализира сообраќајните услови и предлага оптимални патеки, додека напредниот систем за управување со батеријата овозможува брзо полнење (до 80% за само 20 минути).

Filante Rekord 2025 не само што ја претставува иднината на електричната мобилност, туку и поставува нови стандарди за брзина, ефикасност и иновација.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!