Renault ги враќа комерцијалните Estafette и Goelette – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ги враќа комерцијалните Estafette и Goelette

Францускиот бренд ги оживува имињата на своите легендарни комбиња, но овој пат во електична E-Tech форма.

Како и многу други автомобилски производители, Renault ги враќа имињата кои не биле користени со децении. R5 е веќе во продажба, обновениот R4 ќе биде достапен подоцна оваа година, додека Twingo е најавен за 2026 година.

Името Estafette потекнува од серијата комбиња кои се продаваа од крајот на 1950-тите до средината на 1980-тите. Новото, футуристично компактно комбе е долго 5.27 метри, широко 1.92 метри и високо 2.60 метри. Возилото има огромно ветробранско стакло и експанзивно странично стакло за одлична видливост.

Renault планира да ја нуди новата верзија на Goelette во три варијанти, а специфично е тоа што задниот дел може да се прилагоди на различните бизнис потреби. Комбето доаѓа со превиткано ветробранско стакло, овозможувајќи му на возачот да гледа директно низ Б-столбовите.

Renault Trafic е на пазарот од 1980-тите и се има продадено над 2.5 милиони примероци. Новиот модел има високо-технолошки изглед и висина до 1,9 метри, што е доволно високо за му овозможи влез во повеќето гаражи во Европа.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!