Тркачкиот W196 Stromlinienwagen беше претставен на француското гран при во Јули 1954-та година, кога ги освои првото и второто место. Деновиве, еден од овие автомобили се продаде на аукција за неверојатни 51.2 милиони Евра и со тоа е вториот најскап автомобил некогаш продаден на аукција. А да, и најскапиот е Mercedes-Benz.
Аукциската куќа RM Sotheby’s го продаде автомобилот со шасија број 00009/54. Аукцијата се одржа во Mercedes-Benz музејот во Штутгарт. Интересно, Mercedes-Benz го донирал автомобилот на Indianapolis Motor Speedway Museum во 1965, а изминатиов период бил во Германија за темелна реставрација.
Со постигната цена од 51.155.000 милиони Евра, ова е вториот најскап автомобил некогаш продаден на аукција. Најскапиот? Mercedes 300 SLR Uhlenhaut Coupe кој се продаде за (искрено, малку апсурдни) 135 милиони Евра во 2022, односно ако ја земеме предвид инфлацијата, околу 148 милиони Евра во денешни пари.
Конкретниот W196 Stromlinienwagen го имал своето тркачко деби во Аргентина во 1955, со Хуан Мануел Фанџо зад управувачот. Користел 3-литарски M196 мотор со 5-степен мануелен менувач. Последната трка на овој автомобил била на италијанското Гран При во Септември 1955, а зад управувачот бил легендарниот Сер Стирлинг Мос.