Fiat очекува дека новата Grande Panda ќе биде глобален бест-селер, потврдена и Grande Panda 4×4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Fiat очекува дека новата Grande Panda ќе биде глобален бест-селер, потврдена и Grande Panda 4×4!

Главниот извршен директор на Fiat – Olivier Francois – очекува дека Grande Panda ќе биде глобален бест-селер токму поради универзалната привлечност на новиот мал автомобил.

Од новиот модел се очекува да го повтори (но најверојатно и да го надмине) успехот на Panda. Grande Panda е поставена на Smart Car платформата на Stellantis и за новиот автомобил Fiat има глобални амбиции.

Од Grande Panda се очекува да ги исполни очекувањата на повеќе групи на купувачи и токму затоа на самиот старт ќе се нудат две варијанти – целосно-електрична и хибридна. Производството веќе започна во фабриката на Stellantis во Крагуевац, соседна Србија и првите испораки се очекуваат веќе во Март годинава.

И токму поради глобалните амбиции на Fiat за Grande Panda, Stellantis најави дека новиот модел ќе се произведува и во Бразил, каде ќе го замени Fiat Argo. Изненадувачки, Stellantis објави и дека размислува да отвори трет производствен погон во Африка и дека размислува за локации во Мароко, Алжир, Египет и Јужна Африка.

Исто така, на неодамнешно лансирање на Grande Panda пред автомобилските новинари, Olivier Francois потврди дека ќе се подуди и 4х4 изведба. „Да, посветени сме да направиме нешто и во моментов ги разгледуваме опциите“ – потврди тој и додаде – „Пробуваме да најдеме начин и решение. Прашањето е дали треба да биде МВС 4х4 или ЕВ 4х4.“

Секако, постои опцијата дека обете верзии ќе бидат понудени со некаков 4х4 погон. Panda има навистина важно 4х4 наследство, па навистина ќе бидеме разочарани ако Fiat сепак одлучи да не понуди 4×4 изведба од Grande Panda.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.