Zeekr X е најбезбедниот мал SUV и најбезбедно електрично возило според Euro NCAP – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Zeekr X е најбезбедниот мал SUV и најбезбедно електрично возило според Euro NCAP

Кинеските брендови редовно добиваат критики на сметка на безбедноста… Но каде се критичарите кога токму кинески SUV е најбезбеден во својата класа, и тоа според европскиот Euro NCAP?

Со оглед на доминацијата на SUV моделите на европскиот пазар, не сме воопшто изненадени со напливот на разно-разни SUV модели од кинеските брендови. И изминативе години го гледаме токму тоа – како ширум Европа, така и во Македонија. И да, низ годините кинеските брендови добиваа критики во однос на безбедноста, но сега веќе гледаме конкретна промена. Omoda 5 на Chery (кој кај нас се продава како Chery FX) освои 5 ѕвездички на Euro NCAP, а сега кинеските брендови можат да се пофалат со Best in Class.

Конкретно, со тоа признание може да се пофали Zeekr X. Брендот Zeekr е дел од портфолиото на Geely, а моделот X освои Best in Class во категоријата електрични возила. Zeekr X успеа да постигне подобри резултати од модели како Porsche Macan, Cupra Tavascan, MG HS, Toyota C-HR, Volvo EX30 и уште неколку – а тоа е веќе навистина огромен успех.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.