Електричниот Enyaq добива нов лик благодарение на Modern Solid дизајнерскиот јазик, но и подобрена аеродинамика и зголемена автономија.
Редизајнираниот преден дел на Enyaq не само што го воведува Modern Solid дизајнерскиот пристап на чешкиот бренд, туку истовремено ја подобрува и аеродинамиката на големиот електричен SUV.
Засебните компоненти сега се поставени поблиску еден до друг, а тоа пак им овозможило на дизајнерите подобро да ги поврзат индивидуалните детали – како на пример новите LED предни светла се интегрирани во Tech-Deck предницата, а кај верзијата со LED Matrix светла, осветлениот централен дел уште посилно ја нагласува оваа врска.
Истовремено, дискретно е редизајниран и предниот поклопец, а и веќе ја нема Škoda значката на предниот дел, која сега е заменета со ознака ŠKODA. Оваа значка е во Unique Dark Chrome боја, која е користена и за други детали на браниците. Додадена е и нова Olibo Green боја.
Нов лик добива и ентериерот, и уште повеќе внимание е посветено на одржливоста. Достапни се вкупно шест Design Selection опции за ентереиерот. На пример, Lodge добива нова комбинација на материјаки и бои и контрастни шевови, но и безбедносни појаси во портокалова боја. Седиштата се обвиени во TechnoFil, специјален текстил чии влакна се добиени од 75% рециклирани материјали.
Инаку, подобрената автономија се должи во голем дел на подобрената аеродинамика на големиот SUV. Па така, Enyaq 85 (кој има батерија со достапен капацитет од 77 kWh) досега имаше автономија до 562 километри, а сега има автономија до 588 километри. Кај Enyaq Coupe, автономијата расте од 570 на 598 километри. Моделите со помалата батерија со капацитет од 59 kWh сега имаат автономија до 431, односно 439 километри (според WLTP мерењата, секако).
И секако, Enyaq е Škoda – а тоа значи врвна просторност. Enyaq има багажник со капацитет од 585 литри, односно 1710 литри со преклопени задни седишта, додека Enyaq Coupe има багажник со капацитет од 570 литри, односно 1610 литри со преклопени задни седишта. Интересен Simply Clever новитет е QR кодот во багажникот кој носи до информации како најпаметно да се искористи багажниот простор.