Јапонските производители Honda и Nissan официјално потврдија дека отпочнуваат преговори за спојување во единствена компанија, а Mitsubishi кој веќе е во алијанса со Nissan ќе земе удел во договарањето.
Преговорите би требало да траат шест месеци, а доколку се договорат новата Honda-Nissan-Mitsubishi алијанса ќе биде третиот по големина производител на автомобили во светот, по Toyota и Volkswagen групацијата. Во заедничка изјава, трите производители објавија дека потенцијалното спојување „е насочено кон одржување глобална компетитивност и овозможување на компаниите да продолжат со испорака на привлечни продукти на клиентите ширум светот.“
Изминатата година Nissan помина низ тежок период и неодамна скрати 9000 работни места и го намали производството за цели 20%. Nissan и Honda веќе објавија соработка во насока на заеднички развој на електрични возила, но ова се веќе конкретни чекори кон соединување и заедничко работење. Брендовите ќе оформат специјален комитет кој ќе ги изтражува сите детали, а засебен меморандум е потпишан со Mitsubishi кој треба да одлучи до крајот на Јануари дали сака да учествува во преговорите, односно дали воопшто сака да биде дел од алијансата.
Според најавеното, Honda би ја имала водечката улога во новата компанија, барем во првиот период. По спојувањето, Honda, Nissan и Mitsubishi би останале засебни брендови, но би делеле платформи и погни. Заедничките платформи ќе ги намалат трошоците и комплексноста. Новата компанија не само што ќе биде навистина огромен бренд, ќе биде и директна конкуренција на соработката меѓу Toyota, Suzuki, Mazda и Subaru. Honda-Nissan-Mitsubishi алијансата заеднички би произведувала околу 8 милиони возила годишно.
Сега за сега нема ниакви информации за тоа како Renault ќе реагира на новата алијанса. Во моментов, францускиот бренд е сопственик на околу 35% од Nissan и се шпекулира дека Renault највеоројатно ќе ги продаде своите акции во Nissan на Honda. Всушност, поранешниот претседател на Renault-Nissan алијансата, Carlos Ghosn, во неодамнешно интервју го кажа токму тоа.
Во секој случај, на повидок е уште едно огромно поместување во автомобилската индустрија, но и интересно „осамостојување“ на јапонските брендови – без влијанието на Renault, јапонските брендови ќе работат без директен надворешен партнер.