Малиот SUV е базиран на истата платформа што ја користи Suzuki e-Vitara и ќе биде достапен на глобалниот пазар од следната година.
Urban Cruiser ќе биде понуден со две батериски опции: 49 kWh и 61 kWh. Моделот со помала батерија доаѓа со погон на предните тркала и 144 коњски сили, додека моделот со поголема батерија ќе биде достапен со преден или целосен погон и 184 коњски сили.
Изгледот е инспириран од концептот Urban SUV кој го користи најновиот дизајнерски јазик на брендот. Внатрешноста е слична на Suzuki e-Vitara, со црно-сива шема на бои, 10.25-инчна инструмент табла и 10.1-инчен мултимедијален екран.
Urban Cruiser EV ќе биде опремен со напредни безбедносни и помошни системи, вклучувајќи систем за превенција на судар, адаптивен темпомат, предупредување за напуштање на лента и помош за одржување во лента.
Моделот ќе исполни важен дел од планот на јапонскиот производител за произведводство на 15 возила со нулта емисии до 2026 годинa. Достапноста во Европа е планирана за 2025 година, а се очекува да биде достапен и на други пазари, вклучувајќи го индискиот.