Renault 5 Turbo 3E е компактна ракета на тркала! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault 5 Turbo 3E е компактна ракета на тркала!

Електричниот наследник на легендарниот Renault 5 Turbo од пред 40 години добива 500 коњски сили и забрзување до 100 км/ч за само 3.5 секунди.

Спортскиот модел со специфична карбонска структура е базиран на концептот кој беше прикажан пред две години и истиот е инспириран од рели верзиите на оригиналниот 5 Turbo.

Точните детали се уште не се познати, но знаеме дека 5 Turbo 3E ќе биде произведен во лимитиран број и ќе биде достапен на глобалниот пазар од следната година.

5 Turbo 3E е всушност дел од „Renaulution” стратегијата на Renault, која има за цел да го трансформира брендот и да го врати меѓу врвот на автомобилската индустрија.

Од Renault планираат да организираат неколку ексклузивни настани и активности за промоција на 5 Turbo 3E, вклучувајќи специјални изданија на возила, како и колекционерски предмети.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!