Пристигна Geely Starray! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна Geely Starray!

Големиот и технолошки супер-напреден Geely Starray веќе пристигна и во Македонија.

Како што и самите Geely кажуваат, Starray се гордее со модерниот дизајн и динамичните линии, како и напредните технологии. Starray е внимателно дизајниран за да создаде навистина уникатно и засебно искуство во возењето. Храбри зборови!

За прв пат го видовме Starray на официјалниот старт на Geely во Македонија, а сега веќе и официјално пристигна во бутик-салонот на Geely.

Задолжен за задвижување на Starray е 1.5-литарски турбо-бензинец со четири цилиндри кој преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка кон предните тркала испорачува 174 коњски сили. Забрзувањето до 100 километри на час трае 9.7 секунди, додека максималната брзина е 190 километри на час.

Инаку, во Starray доминираат дигиталните технологии, но и богатата опрема. Дел од опремата е огромен панорамски стаклен кров, кожни седишта, греење на предните и задните седишта, огромен 13.2-инчен дисплеј за мултимедијалните функционалности, LED светла и многу, многу повеќе.

Дури и при разгледување во салон се забележува дека е посветено многу внимание и на најситните детали. Секако, повеќе ќе дознаеме кога ќе го добиеме Starray на тест, а се надеваме дека тоа ќе се случи наскоро.

Промотивната цена на Geely Starray во моментов е 34.990 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.