Глобалната стратегија на Toyota ги вклучува и комерцијалните Toyota Professional возила кои денес имаа своја премиера пред македонските автомобилски медиуми, но и потенцијалните клиенти.
Toyota има навистина долгогодишна историја кога станува збор за комерицјалните возила. Првите комерцијални возила на јапонскиот гигант се произведени во 60-тите години од минатиот век, кога Toyota ги лансираше Hilux и Hiace во Европа. Како што кажуваат и самите од Toyota, оттогаш овие возила заслужено се здобија со светска репутација за квалитет, издржливост и сигурност.
Во 2016 Toyota започна нова приказна со Proace, а во 2019 приказната се зајакна со Proace City, како и електричните верзии на овие две возила кои пристигнаа во 2021. Минатата година Toyota во Европа продаде вкупно 140.000 комерцијални возила, што пак овозможи пазарен удел од одлични 5.7%.
Стратегијата на Toyota Professional е изградена врз два столбови – понуда на силна и конкурентна палета на производи, како и грижа за клиентите во секој чекор од патот. На денешната презентација имавме можност да ги видиме новиот Hilux и малиот Aygo X N1, но и неколкуте различни изведби на Proace.
Во Македонија се достапни:
- Toyota Proace City, во комерцијална изведба со носивост до 1000 килограми, или пак патничка изведба со 6+1 места за седење.
- Тоѕота Proace, во комерцијална изведба со носивост до 1200 килограми, или пак патничка изведба со 8+1 места за седење.
- Toyota Hilux, легендарниот и според Toyota ненадминат теренец кој овозможува движење без граници.
- Toyota Aygo X N1 – мини партнер за макси добивкa и,
- Toyota Proace Max кој се очекува наскоро да пристигне на пазарот.
Во однос на грижата за корисници, за комерцијалните возила е достапна Toyota Relax гаранцијата која при редовно сервисирање на возилото во овластен сервис дава 1 година дополнителна гаранција до максимум 10 години или 185.000 поминати километри. Дополнително, тука е и бесплатната помош на пат во рамките на првите 3 години, како и специјално финансирање на комерцијални возила во соработка со Sparkasse Leasing.
За повеќе информации, посетете ги салонот или официјалната веб-страница на Toyota.