Tavares: Кина е многу години пред Европа, ЕУ политичарите направија „слепа улица“! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tavares: Кина е многу години пред Европа, ЕУ политичарите направија „слепа улица“!

Во интервју за португалскиот портал Expresso, поранешниот Главен Извршен Директор на Stellantis стои зад одлуките кои го доведоа кон неговата оставка.

Во неговото интервју за Expresso, кое го пренесуваат колегите од Motor1, (кое воедно е и негово прво интервју по напуштањето на Stellantis), Tavares цврсто стои на неговите одлуки и ставови кои го ставија во директен конфликт со останатите членови на одборот на Stellantis. Тој кажува дека Кина е значително пред Европа кога станува збор за електричните возила и дека кинеските брендови ги туркаат европските во „режим на преживување“.

„Компанија со повеќе од 250.000 вработени и 15 брендови не може да се менаџира доколку недостасува насочување“ – кажува Tavares. Дополнително, тој има и цврсти ставови кога станува збор за Кина. Во интервјуто, Tavares кажува дека моменталната ситуација во Европа е „Дарвинов предизвик“ за Европските производители и дека само најсилните ќе преживеат. Кажува и дека Кина е „многу години“ пред Европа со развојот на електрични возила и дека „слепата улица е креирана исклучиво од политичките лидери на Европа“.

Tavares беше критикуван за неговите одлуки, како во Европа, така и во САД. Тој успеа да го „скара“ Stellantis како со дилерите и дистрибутерите, така и со добавувачите на компоненти. Во САД веќе се разговара со налутените дилери за точната стратегија како да се оди понатаму. Советот на дилери на Stellantis во САД го нападна Tavares за погрешни краткорочни одлуки кои се наменети за креирање краткорочен профит, наместо долгорочно здравје за „американската страна“ на Stellantis во која се сите брендови од поранешниот Fiat Chrysler Automobiles.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.