Mercedes-AMG PureSpeed е брзински ултра кул кабриолет – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG PureSpeed е брзински ултра кул кабриолет

Моделот ги вклучува најновите технолошки иновации и претставува врв на на луксузот и брзината во автомобилизмот.

Возилото доаѓа со 4-литарскиот твин-турбо V8 со 585 коњски сили и го инкорпорира специјалниот „Halo“ дизајн, директно преземен од болидите на Формула 1.

Внатрешноста вклучува AMG Performance седишта, кожни облоги и украсни шевови. Дизајнот е дополнет со кожните прагови на вратите и дво-тонскиот кожен волан.

PureSpeed е опремен со керамички сопирачки и со системот Active Ride Control, кој помага при оптимизацијата на држењето на суспензијата.

Кабриолетот на AMG ги качува луксузот и перформансите на едно ниво погоре, а стартната цена се очекува да биде повисока од онаа на Mercedes SL 63.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!