YU7 SUV е вториот модел на Xiaomi – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

YU7 SUV е вториот модел на Xiaomi

Моделот го презема дизајнерскиот јазик од седанот, но со повисок и помускуларен изглед.

Возилото е долго 4,999 мм, широко 1,996 мм и високо 1,600 мм, со меѓуоскино растојание од 3,000 мм. Висината е за 145 мм повисока од седанот SU7, со што се добива поизразен изглед и зголемена прегледност.

Предните LED светла даваат остар и намерен изглед, додека задните светла и спојлерот на задната врата дополнитело го зголемуваат шармот на овој кинески SUV. На покривот го забележуваме и LiDAR сензорот, што укажува дека ќе биде присутно и автономното возење.

Внатрешноста на YU7 се уште не е откриена, но претпоставуваме дека  ќе ги следи високотехнолошките карактеристики на седанот, вклучувајќи го големиот 16.1-инчен екран на допир и дополнителните екрани за патниците.

Точните бројки не се познати, но се шпекулира дека YU7 ќе има двоен мотор со нешто помалку од 700 коњски сили. Моделот би требало да се појави на кинескиот пазар на средината на 2025 година.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!