Lotus најави нов plug-in „Hyper Hybrid“ погонски систем кој овозможува високи перформанси и флексибилен опсег на возење од преку 1100 километри.
Благодарение на архитектурата од 900 волти, новиот погон ќе овозможи ултра-брзо полнење како и полнење во движење. Сепак, сè уште не знаеме конкретни технички детали околу типот на моторот или големината на батеријата. Не е јасно кога компанијата ќе започне со понудата на новиот погонски систем или на кои модели од тековната линија ќе биде достапен. Очекуваме дека хибридниот систем ќе биде вграден во електричниот SUV модел Eletre и гранд турерот Emeya.
Lotus не е единствениот производител на автомобили кој ги одложува плановите за целосна електрификација. Bentley неодамна објави дека ќе ги отфрли моторите со внатрешно согорување до 2035 година, а не до 2030 како што претходно беше предложено. Volvo, кој исто така е во сопственост на Geely (родителската компанија на Lotus), изјави дека сега има за цел „90 до 100 проценти“ од своите глобални продажби да бидат електрифицирани до крајот на деценијата, што ќе вклучува мешавина од plug-in хибридни и целосно електрични автомобили.