А90 претставува завршница на тековната генерација на Supra и истата ќе биде произведена во ограничен број од само 300 примероци.
Иако се работи за истиот 3-литарски турбо B58 мотор, тој сега нуди зголемена моќност од 429 коњски сили и 570 Nm вртежен момент.
Toa претставува значително зголемување во однос на претходните верзии, особено за европскиот пазар каде што моќноста беше ограничена поради построгитe еколошки регулативи.
Возилото е опремено со 19-инчни Brembo предни кочници, прилагодлива суспензија и Akrapovic титаниумски издув со чија помош моторот добива поагресивен звук.
Аеродинамичниот пакет вклучува карбонски преден и заден спојлер, додека внатрешноста е опремена со Recaro карбонски седишта, црвени појаси и Alcantara тапацир.
Изданието го претставува почетокот на крајот за тековната генерација на Supra, а Toyota веќе најави дека работи на шестата генерација на легендарниот модел.