Верувале или не, уловивме прототип на Audi чиј процес на тестирање го донесе и во Македонија!
Да, ова е Скопје и да – ова е прототип на Audi на скопските улици. Автомобилот е добро маскиран, но можеме да претпоставиме дека се работи за некаква верзија на новиот А5. Всушност, со оглед на огромните овални завршетоци на издувниот систем и отворите за воздух зад предните крила, дали можеби се работи за новиот RS 5?
Новиот S5 веќе користи 3-литарски турбо-бензинец кој кон сите четири тркала испорачува скоро 400 коњски сили. Со оглед на широките крила и огромните тркала, скоро сме сигурни дека ова е (за прв пат) RS 5 Avant.
Му благодариме на пријателот кој ни ги испрати фотографиите! ;)