Audi го претстави новиот Q5 Sportback – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го претстави новиот Q5 Sportback

Моделот е дизајниран со нова остра линија на покривот, која му дава поагресивен и спортски изглед.

Q5 Sportback е базиран на новата платформа PPC, која ја дели со стандардниот Q5 и ажурираната линија на A5. Таа претставува еволуција на својот претходник – MLB Evo платформата.

Моделот е опремен со два мотори: 2-литарскиот бензински и 2-литарскиот дизел мотор, и двата со точно 204 коњски сили. Дизел моторот има 400 Nm вртежен момент, за разлика од бензинецот кој доаѓа со „само” 340 Nm.

Спортската верзија – SQ5 Sportback е опремена со 3-литарскиот V6 мотор, кој има моќност од 367 коњски сили и вртежен момент до 550 Nm. Моделот е достапен само со бензински мотор и доаѓа со седум-брзински автоматски менувач.

Во внатрешноста на автомобилот не пречекува високата технологија, овој пат претставена преку трите екрани, вклучувајќи го 14.5-инчниот централен екран на допир. Во поглед на материјалите, внатрешноста е опремена со еко ткаенини и рециклиран микрофибер.

Audi Q5 Sportback ќе биде достапен за нарачки во Европа од декември оваа година.

 

 

.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!