Германскиот тјунер го преработи популарниот спортски караван BMW M3 Touring.
Моделот е опремен со 3-литарскиот twin-turbo шестцилиндричен мотор кој произведува 855 коњски сили и 1,090 Nm вртежен момент, а во истиот е вграден наградениот осум-брзински автоматски менувач.
MH3 800 Touring има значителни подобрувања во однос на стандардниот M3 Touring, вклучувајќи нови клипови, Wagner Tuning интеркулер и карбонски влез за воздухот.
Надворешноста е украсена со карбонски додатоци, вклучувајќи нови решетки, преден спојлер, странични прагови и заден дифузор. Во тјунинг пакетот исто така спаѓаат издувниот систем од нерѓосувачки челик и цевките на Manhart.