Македонска премиера на новиот BMW X3, стигна и M5! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на новиот BMW X3, стигна и M5!

Најновата генерација на бест-селерот на BMW пристигна во Македонија!

Еден од најпродаваните модели на BMW е токму X3. Ние веќе имавме можност да ја возиме најновата генерација на супер-популарниот SUV на интернационалната презентација во Германија и Австрија, а сега со задоволство можеме да кажеме дека X3 пристигна и кај нас.

Дизајнот на новиот X3 е самоуверен и ги навестува идните насоки кои треба да пристигнат со Neue Klasse. Како што веќе кажавме, BMW сака X3 да биде поларизирачки, сака да биде наметлив и да развие дискусија.

Во кабината на X3 доминираат новите технологии кои BMW ги има во своето портфолио. Секако, тука е најновиот BMW OS (кој сега е базиран на Android), a кон него се пристапува преку екран наменет за инструментите е со дијагонала од 12.7 инчи, додека централниот дисплеј е со дијагонала од 14.9 инчи.

Во Македонија новиот X3 ќе може да се добие со 2-литарски турбо-бензинец со 208 коњски сили (каков што веќе возевме во Германија) или со 2-литарски турбодизел со 197 коњски сили. На самиот врв е X3 M50 xDrive со шест-цилиндерски турбо-бензинец кој има дури 398 коњски сили (да, веќе го возевме), а понатаму ќе биде додаден и плаг-ин хибридниот X3 30e xDrive со 299 коњски сили.

Но денес имавме и интересно „и уште една работа“ изненадување – а тоа беше новиот M5. Големиот баварски мега-седан сега доаѓа во плаг-ин хибридна форма и благодарение на моќниот твин-турбо V8, електромоторот и батериите сега располага со неверојатни 727 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон сите четири тркала, но може да ја испорачува и само кон задните – доколку возачот тоа го сака, секако.

Преведено во перформанси тоа значи спринт до 100 километри на час за 3.5 секунди, до 200 километри на час за 10.9 секунди и максимални 250 километри на час, односно дури 305 километри на час со M Driver’s Package пакетот.

Поврзано:  M3 CS Touring е ултимативниот караван на BMW

Многу новитети!

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.