Во чест на 125 години Opel: Happy Buy-Day Opel Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во чест на 125 години Opel: Happy Buy-Day Opel Македонија!

По повод 125 годишнината на Opel Automobile GmbH, Еуроимпекс ДОО како генерален увозник за Opel возилата во регионот ја претстави специјалната, роденденска понуда!

Happy Buy-Day – 125 години Opel се однесува на трите најпосакувани модели во гамата – Opel Corsa, Opel Astra и Opel Mokka.

“Yes of Corsa” – Opel Corsa го доби признанието „Најпосакуван Градски Автомобил“ во Македонија на изборот Златно Тркало кој го организираме ние и нашите колеги. И токму и новата Opel Corsa е дел од оваа специјална роденденска понуда.

„Она што сакаме да го истакнеме е дека, покрај оваа понуда, само оваа недела со почеток од 18.11.2024 до 25.11.2024 сме присутни во Сити Мол со специјалната понуда на верзијата на Opel Corsa – YES EDITION (1.2 Turbo 100 KS MT6) која носи дополнително роденденско изненадување!“ – изјави Драган Јовев, Продукт менаџер во Еуроимпекс и додаде – „Corsa е по многу нешта посебна. Новата верзија помина низ целосен надворешен и внатрешен detox, при што се отстранети сите непотребни елементи кои го одвлекуваат вниманието на возачот при возењето. Модерен изглед изработен со традиционална германска прецизност. Новата Corsa доби нов 48-волтен хибриден погон, мултимедијален уред со безжично поврзување и многубројни безбедносни системи. Препознатливата предна маска Opel Vizor ја интегрира најдобрата Intelli-lux Matrix технологија на предно осветлување во својата класа, прави уште на прв поглед моделот да се издвојува од другите. Opel Corsa навистина е посакуван автомобил во Македонија, a тоа го потврдуваат и продажните бројки. Оваа година e меѓу водечките модели во B-сегментот.“

Дизајнирана со прецизност. Произведена во Германија. Целосно детоксифициран дизајн, започнувајќи од препознатливиот визор во предниот дел, па сѐ до внатрешноста…. Благодарение на фасцинантниот нов Pure Panel® во кабината фокусот е свртен кон возачот. Придружете се на најдобрите. Возете го најхрабриот автомобил во својата класа – Opel Astra! Дознајте повеќе за понудата за Astra.

Поврзано:  Македонска премиера на големиот Opel Grandland

И конечно, тука е и Mokka. Помалку нормално, повеќе Mokka. Модерен и повеќе од смел стилски израз на чистиот прогресивен дизајн. Нова филозофија на германскиот инжинеринг и јасна визија за фасцинантната иднина на Opel. Во внатрешноста ќе откриете хармонија на пропорции, светлина, простор и технологија кои овозможуваат вистинско возбудливо возење. Динамичните мотори, го прават овој модел агилен во секој поглед. Дознајте повеќе за понудата за Mokka.

Секако, можете да добиете информации или да побарате понуда на официјалната веб-страница на Opel, а деновиве можете да го посетите и Сити Мол каде е изложена освежената Corsa и да се информирате на лице место.

Извор: PR Euroimpex



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.