Новите Michelin Alpin 7 зимски гуми нудат одлични перформанси во зимски услови! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новите Michelin Alpin 7 зимски гуми нудат одлични перформанси во зимски услови!

Новите Alpin 7 зимски пневматици на Michelin добиваат нов состав дизајниран за ниски температури кој овозможува одлично држење на патот при забрзување, сопирање и влегување во свиоци.

Истовремено, новите Alpin 7 добиваат нова шара кои го подобруваат возењето на мокри патишта и патишта покриени со снег. Според Michelin, овој дизајн ја подобрува тракцијата за цели 6% во услови на сопирање, а истовремено ја подобрува маневрабилноста на снег. Насочената шара им помага на возачите да задржат контрола врз своето возило и во најтешките услови.

И можеби најинтересниот новитет се новите прогресивни шари, односно новиот иновативен начин за производство на гумите овоможува тие да имаат нови шари како што се трошат. Овој иновативен, важен дизајнерски чекор нанапред овозможува одржување на добри перформанси низ целиот живот на пневматиците, односно додека не се покажат индикаторите дека пневматиците се потрошени.

Michelin Alpin 7 се достапни во многу различни димензии, а за цени и дополнителни информации можете да ги посетите Мотоцентар.

Извор: PR Michelin / Мотоцентар



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.