Денови на електромобилност во East Gate Mall – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Денови на електромобилност во East Gate Mall

Деновиве во Ист Гејт се одржуваат овогодинешните денови на електромобилност и „на лице место“ можете да видите неколку различни електрични автомобили.

Оваа година за жал има нешто помалку изложени возила, но сепак има интересни работи кои заслужуваат да бидат видени. Од портфолиото на Grand Auto се изложени електричните Hyundai Ioniq 6 и MG 4.

Ние веќе добро ги познаваме обата автомобили, бидејќи и двата веќе ги имаме возено.

Понатаму, можете да погледнете Tesla Model 3, а од еАуто се изложени и возилата на кинескиот производител Cenntro.

Особено ни е интересен малиот Avantier. Присутни се и Аутомакедонија со електричниот комерцијален Farizon.

Тука се и нашите пријатели од AllElectric.mk кои имаат изложено неколку различни електрични моторцикли, велосипеди и тротинети. Покрај нив, присутни се и неколку компании кои продаваат „опрема“ за електрични возила, односно електрични полначи.

Во Ист Гејт ќе ги најдете и електричните возила на DFSK. Изложени се електричниот Friday EV и електричниот Seres 3.

И конечно, можете да го погледнете и целосно-новиот Porsche Macan.

Електричниот SUV на Porsche ќе се обиде да постави нови правила во сегментот. Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да го повозиме!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.