ПРЕМИЕРА: Кога „златната средина“ има 690 коњски сили – претставен Porsche Taycan GTS – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Кога „златната средина“ има 690 коњски сили – претставен Porsche Taycan GTS

Porsche го претстави Taycan GTS – моделот кој е замислен да биде токму на средина меѓу „обичниот“ Taycan (ако такво нешто воопшто постои) и монструозните Taycan Turbo и Turbo S.

Да да, во ред, Porsche претстави и две нови „основни“ верзии на Taycan кои се викаат Taycan 4 и Taycan 4 with Performance Battery Plus. Во зависност од конфигурацијата, овие верзии имаат меѓу 400 и 430 коњски сили. Супер. Ние сме позаинтересирани за Taycan GTS.

Taycan GTS добива два електромотори, погон на сите четири тркала и вкупно 690 коњски сили. Sport Chrono и фантастичинот Push to Pass систем се дел од стандардната опрема, а ќе добиете и Electric Sport Sound Profile режим за малку повеќе акустична возбуда. Добива и Sport Design предни и задни браници, адаптивни спортски седишта, големи 20-инчни тркала и еден куп други додатоци.

Резултат на сето ова е спринт до 100 километри на час за 3.3 секунди, 200 километри на час за 10.4 секунди, но и автономија од над 600 километри според WLTP.

Секако, Taycan GTS е достапен како седан или во значително поинтересната Sport Turismo изведба. Може црвен Taycan GTS Sport Turismo за нас? Благодариме!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.