Овој кит е достапен во три различни карбонски финиши: Black Badge carbon, forged carbon и twill carbon.
Без разлика на кој карбонски финиш ќе се одлучат купувачите, тие ќе добијат нов сплитер и карактеристични преработени фарови со кои автомобилот добива поостар изглед.
Новите панели продолжуваат по страните со уникатни прагови и суптилни карбонски акценти на предните крила. Задниот дел вклучува мал спојлер над прозорецот и втор спојлер на капакот на багажникот.
1016 Industries исто така изработи посебни парчиња кои ги надополнуваат задните светла и задниот дифузер. Oстанатите опционални надградби, дополнително изработени од компанијата RDB ги вклучуваат прилагодените тркала инспирирани од аеро дисковите како и целосно спуштната суспензија.
Елементите за прилагодување на 1016 Industries се целосно реверзибилни и повторно употребливи.